Балкан
27. September 2015 - 12:56

Хрватско МВР: Во Хрватска влегле 65.000 имигранти

Во Хрватска од 16 септември влегле 65.000 имигранти, соопштено е од хрватското МВР.

Во текот на вчерашниот дел влегле речиси 10.000 имигранти. Најголем прилив имало на подрачјето на Товарник, Илок и Строшинац, во општината Врбања.

Еден број имигранти се наоѓаат во времено прифатилиште во Опатовац, од каде се одвезуваат кон граничните премини Барањско Петрово Село, Терезино Полје и Ботово.

Во текот на изминатата ноќ во прифатниот центар во Опатовац пристигнале околу 1.200 имигранти.

Според проценките на хрватското МВР, поради блокада на унгарската граница, но и на студените дождливи денови, може да се очекува бегалците од Грција, односно од Турција, да тргнат по рутата преку Албанија и Црна Гора.