Хрватско МНР: Нема нови информации за Томислав Салопек
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека Владата во соработка со други држави континуирано прави се што е во нејзина моќ да биде решен случајот на Томислав Салопек, кој е киднапиран од радикалните исламисти во Египет, но нема нови информации за неговата судбина.
Хрватското МНР потенцира дека сите држави до кои се обратиле за помош се одѕвале, но не прецизира за кои држави се работи, пренесува Танјуг.
Судбината на Салопек и понатаму е неизвесна, неколку денови откако истече ултиматумот од групата Покраина Синај, египетски огранок на Исламска држава.
Салопек е киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, а исламските милитанти на 5. август се заканија дека за 48 часа ќе го убијат ако египетската Влада не ги ослободат уапсените муслиманки. Киднаперите оттогаш не се огласија, а египетските безбедносни сили покренаа голема потрага по Салопек.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори