Балкан
8. August 2015 - 17:00

Хрватски медиуми: Исламистите најверојатно го убиле Томислав Салопек

Припадници на Исламска држава го обезглавиле Хрватот Томислав Салопек, киднапиран на 22 јули, објавија хрватски медиуми повикувајќи се на сајтот Њуздеј247.

Извори поврзани со екстремистите тврдат дека џихадистите го убиле 30-годишниот Хрват кој работел за француската компанија CGG Ardiseis. Наводно се појавиле и фотографии на обезглавениот Салопек, но автентичноста не е потврдена.

Претходно, ИД разгледувала 48 часа рок за продолжување на ултиматумот.