Хрватски експерт: Вакцинирање на 70 проценти од граѓаните ќе ја запре епидемијата
Шефот на хрватскиот Национален штаб и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека треба да се стори се за да се вакцинираат што повеќе граѓани, кога ќе пристигне вакцината против новиот коронавирус во Хрватска.
Божиновиќ на прес-конференција рече дека за да се запре епидемијата, потребно е да се вакцинираат 70 проценти од возрасната популација.
– Според Законот за заштита на граѓаните од заразни болести, постојат вакцини што се задолжителни. Со цел вакцината да ја запре епидемијата, треба да се вакцинираат 70 проценти од луѓето, а ние ќе се погрижиме тоа да се случи, рече Божиновиќ.
Тој потврди дека за ова се разговарало и на вчерашната седница на Советот за национална безбедност на Хрватска.
Според него, ќе биде потребна дополнителна комуникација со граѓаните и изрази надеж дека ќе има поддршка од медиумите, објави загрепски „Јутарњи лист“.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба