Хрватската Влада прогласи состојба на катастрофа во две жупании
Хрватската Влада на денешната седница прогласи состојба на катастрофа во Сисачко-мославинската и Загребската жупанија, кои во вторникот беа погодени од силен земјотрес. Состојбата на катастрофа ја прогласи премиерот Андреј Пленковиќ врз основа на информации за големината на штетата предизвикана од земјотресот.
Пленковиќ потсети дека денеска е точно една недела од првиот земјотрес што го погоди округот Сисак-Мославина и шест дена од разорниот земјотрес од 6,2 степени во кој животот го загубија седум лица. Тој порача дека никој нема да остане сам во оваа катастрофа и дека државата ќе им даде помош и на помалите места.
Формиран е и штаб за справување со ситуацијата во разорената област, предводен од вицепремиерот и министер за одбрана Томо Медвед. Седницата започна со едноминутно молчење за осумте девојчиња и момчиња кои починаа на новогодишната ноќ во Посушје во БиХ, од труење со гас.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија