Хрватска испраќа полициски патролни бродови на грчко-турската граница
Хрватската полиција ќе испрати уште еден полициски патролен брод во Егејското море, како помош за грчката крајбрежна стража во справувањето со новиот бран мигранти.
Како што јави дописникот на МИА, хрватските власти се решиле на ваков чекор по последната ескалација на состојбата на границата и очигледната помош што и е потребна на Грција. Началникот на хрватската полиција Никола Милин изјави дека во оваа фаза тие се сконцентрирани во обидите директно да им помогнат на грчките гранични служби.
– Ние веќе имаме 18 полицајци на грчко-турската граница. Ова е практично границата на Европската унија и ние активно ја следиме ситуацијата. Одлучивме во Грција да пратиме уште едно пловило, а друго веќе извесен период таму патролира, изјави Милин.
Хрватскиот министер за внатрешни работи, пак, изјави дека засега ситуацијата на хрватските граници е нормална и не се регистриран зголемен број на случаи за илегален премин.
Ново на Сител
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички