Хрватска и Бугарија имаат најлош стандард во ЕУ
Хрватска и Бугарија се единствените членки на ЕУ каде што куповната моќ на граѓаните е за 40 отсто пониска од просечната куповна моќ во ЕУ.
Паритетот на куповната моќ во Хрватска веќе три години се држи на 59 отсто од просекот во ЕУ, Бугарија се зголеми на 53 отсто, додека Романија ја престигна Хрватска за два проценти и нејзината куповна моќ е 61 отсто од просекот.
Во три години најголемо поместување на куповната моќ е забележано во Романија, Литванија и Естонија, додека пад на куповната моќ за три проценти е евидентиран во Австрија и Белгија, а 7 проценти во Грција. Најголема куповна моќ има Луксембург, Германија и Австрија.
Според овие показатели, хрватските граѓани живеат двапати полошо од Германците или Австријците, а стандардот на Словенците, Чесите и Словаците е за четвртина подобар.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите