Хрватска го одбележува Денот на вуковарските жртви
Хрватска денеска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, кој од следната година ќе биде државен празник и неработен ден.
Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, 28 години подоцна, Хрватска го одбележува како ден кога „паднал“ градот, додека во Србија се смета за ден на ослободување на Вуковар.
Борбите за Вуковар меѓу припадниците на тогашната југословенска народна армија (ЈНА) и Хрватската национална гарда (ЗНГ), основана од првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, траеја скоро три месеци, при што, според српски извори, загинаа околу 1.624 луѓе и беа повредени повеќе од 2.500.
Хрватска тврди дека точниот број на загинати и исчезнати за време на тие борби никогаш не е утврден, но проценува дека се убиени повеќе од 4.000 хрватски бранители, а 7.000 се одведени во српските логори.
Централната комеморација ќе биде одржана во вуковарската болница, а од таму, како и секоја година, во традиционалната Колона на сеќавање, долга пет и пол километри, ќе биде одржан марш до Меморијалните гробишта. Во Колоната на сеќавање ќе бидат и претставници на хрватскиот државен врв.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи