Хрватска ги советува своите граѓани да не патуваат во Украина
Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска им препорача на своите граѓани да избегнуваат патување во делови на Украина кои граничат со Русија и да го одложат патувањето во остатокот од земјата.
– Поради влошената безбедносна ситуација во Украина и концентрацијата на вооружени сили на Руската Федерација во областите кон границата со Украина, ги советуваме хрватските граѓани да ги избегнуваат сите патувања во подрачјата на источна Украина кои се граничат со Руската Федерација, соопшти Министерството на својата веб-страница.
Препораката од Загреб следува откако Стејт департментот, повикувајќи се на закана од руски напад, наложи во неделата повлекување на семејствата на своите дипломати од Украина.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вчера изјави дека ЕУ нема да го следи американскиот пример, бидејќи не гледа причини за повлекување на дипломатите, но тоа го направија Австралија и Велика Британија.
Германија најави дека ќе им помогне на своите дипломати доколку одлучат да заминат, а Норвешка и Летонија ги советуваа своите жители да не патуваат во Украина.
Хрватското МНР советува одложување на патувањата во делови на Украина кои не се неопходни, а доколку тоа не може да се направи, „се препорачува претпазливост и секојдневно информирање за моменталната ситуација“.
Ново на Сител
-
106 санкционирани возачи во Скопје
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево време со мала до умерена облачност
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор