Хрватите увезуваат работници, бараат пилоти, овчари...
Пословни дневник - Загреб
Многу лекари барајќи подобри примања станаа нова генерација на гастарбајтери па во Хрватска, според медиумите има недостиг од 900 до дури 4.000.
Поради тоа не изненадува одлуката на Владата за квоти за увоз на лекари. За 2016 година се бараат пет со специјалистичко образование, пет општи лекари, како и пет за дентална медицина. Според кој рецепт 15 странци со диплома лекари ќе ја спасат катастрофалната состојба со кадрите во здравството, тој рецепт за жал и понатаму останува непознат.
Меѓутоа, листата на одобрените квоти открива низа (не)логични детали наспроти големиот бран на иселување на млади Хрвати.
Дека никој, наспроти повеќе од 200.000 невработени, не сакаат да бидат овчари, веќе долго се шпекулира дека Владата одобри и 20 дозволи и за увоз за овчари.
Исто така, одобрени се и 15 сезонски дозволи за увоз на работници кои ќе работат на плантажи за јаболки и винови лози, но и 35 масери за специјални видови на масажи.
Хрватска се одлучи да увезе и 24 пилоти, но и 10 стјуардеси како и 14 балерини, три оперски пејачи, како и по еден солист на опера и диригент. Одобрени се и 10 дозволи за туристички аниматори.
Бидејќи одлуката на Владата стапува во сила од денот на донесувањето тоа значи дека веќе во МВР веќе можат да се предадат барања.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?