Loading Video...
Свет
24. May 2020 - 19:36

Хрватите не се плашат од корона вирусот и бараат отварање на границите во пресрет на летната сезона

„Тие биле меѓу нас“, е насловот на текстот кој го објави американскиот весник „Њујорк Тајмс„ поточно список на  имиња, над 1000 луѓе кои починале од корона вирусот. Со ова медиумот сакал да алармира, колку е критична ситуацијата во САД, каде до сега починале околу 100 000 луѓе, а се заразиле над милион и шестотини илјади aмериканци. Весникот објавил само еден процент од случаите, а во текстот пишува дека тоа не се само имиња на листата.

По САД, Втора земја е Бразил, каде до сега се инфицирале околу 350 000 луѓе, трета е Русија која брои над 344 000 заразени лица.

Хрватите не се плашат од корона вирусот и бараат отварање на границите во пресрет на летната сезона, два месеци по прогласување на карантин во оваа земја покажува резултатот од истражувањето на Хрватската национална Телевизија. Во оваа земја во изминатите 24 часа не се регистирани нови заболени од корона.  Според анкетата, 43,9 проценти  од граѓаните рекле дека не стравуваат поради Ковид-19, но се претпазливи, 28,4 воопшто не се плашат, а само 18,4 живеат во страв.

80 проценти од граѓаните се подготвени за туристичката сезона и сакаат да се отворат границите. 15,2 проценти не се согласуваат со предлогот, а само 4,8 проценти не одговориле ниту позитивно нути негативно.

Додека научниците ширум светот работат во пронаоѓање на вакцина, хрватите имаат поделени мислења околу вакцинацијата. Речиси половина најверојатно би ја примиле вакцината, 41,2 проценти не би се согласиле со тоа, а 11,5 проценти се неодлучни.