ХРВ: Планот на ЕУ би можел да ја влоши ситуацијата
Планот, кој го усогласија Европската унија и земјите од Балканот на 25 октомври со цел да се одговори на потребите на бегалците на миграциската рута во регионот на Западен Балкан, исто така би можел да ја влоши ситуацијата и да го блокира пристапот до заштита, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч (ХРВ).
Акциониот план, чија цел е да ги спречи барателите на азил да го продолжат патот од транзитните земји и да ги направи тие земји одговорни за обработка на нивните барања, може да доведе до нови проблеми, смета ХРВ, но додава дека сепак планот вклучува чекори, кои би можеле да помогнат во зголемување на координацијата долж балканската рута.
- Добро е да се видат европските и балканските лидери како реагираат на хуманитарната криза и се обидуваат да ја избегнат катастрофата, изјави Бенјамин Вард, заменик-директор за Европа и централна Азија во ХРВ.
Тој додаде дека наместо да се воведе повеќе ред во миграциските текови и да се инсистира барањата за азил да се обработуваат поефикасно, планот би можел едноставно да ги пренасочи бегалците и да ја блокира нивната заштита.
Акциониот план, кој се состои од 17 точки го одобрија на 25 октомври лидерите на земјите-членки на ЕУ, Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија и на земјите-кандидати, Македонија, Албанија и Србија.
Целта на планот е подобрување на координацијата долж балканската миграциска рута.
- Доколку не најдеме решение наскоро ќе видиме семејства како исчезнуваат во студените реки на Балканот, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Ново на Сител
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок