„Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“
Изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ денеска ќе биде отворена во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија. Автор на изложбата е Златко Теодосиевски, виш кустос во Националната галерија.
На изложбата ќе бидат претставени 50-тина дела од 25 македонски уметници од сите генерации, почнувајќи од Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Димо Тодоровски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Благоја Николовски, Данчо Кал'чев и Ванчо Јаков. Од авторите од помладите генерации застапени се делата на Атанас Ботев, Златко Глигоров, Велимир Жерновски, Душица Стефановска...
Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозни, односно христијански теми/мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на 20 век, од периодот на појавата на граѓанското сликарство до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми христијанството е доминантната сила што ги обликува (не само) европската култура и уметност и македонската визуелна уметност не е исклучок во овој поглед.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз