Македонија
23. December 2017 - 18:31

Христијан Мицкоски избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за избор на претседател успешно го спроведе гласањето за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
 
-Од вкупно 438 пријавени делегати на Конгресот гласале 428, од кои неважечки ливчиња избројани се вкупно 52, а додека за Христијан Мицкоски за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ гласале вкупно 376, истакна членот на комисијата Марјан Ристески.
 
Со тоа Комисијата за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ констатира дека Христијан Мицкоски е избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.