Македонија
13. August 2022 - 16:36

„Храбро срце“: Органодарителството не е на потребното ниво

Органодарителството сеуште не е на задоволително ниво. Од здружение Храбро срце  велат дека потребна е национална кампања за подигнување на свеста со поддршка од државата и институциите.Досега, во земјава има шест успешни трансплантации на срце,а околу 30тина лица се на листа на чекање.

Станува збор за претежно млади лица кои секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици живеејќи во неизвесност .

Кампањата под мотото Дарувај орган спаси живот ја  подржаа охридскиот градоначалник , политичари,доктори спортисти и јавни личности.

Инаку првата трансплантација на срце во земјава беше реализирана во услови на пандемија со Covid-19, во мај 2020 година.