Хоти и Вучиќ на средби во Брисел денеска и утре
Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател, Александар Вучиќ ќе се сретнат со претседателката на Европската Комисија (ЕК) денеска и утре.
Претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го прими премиерот Хоти доцна попладнево, а Вучиќ в петок наутро. И двајцата ќе имаат одделни средби и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, најави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Европската Унија сака да го рестартира дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина во текот на јули. Дијалогот е замрзнат од крајот на 2018, но двете страни изразија подготвеност да се вратат на преговарачката маса.
Поради хашкото обвинување против Хашим Тачи, косовскиот премиер, Хоти, ја откажа посетата на Вашингтон каде требаше да присуствува на заедничка средба со Вучиќ.
Европската Унија порача дека не го коментира откажувањето на оваа посета и повтори дека процесот под покровителство на ЕУ е одвоен од обидите на американската администрација.
За сега не е познато кој ден точно ќе се одржи средбата во Брисел, ниту кој ќе ги застапува двете страни.
-ЕУ е посветена на рестартирањето на дијалогот но ние не диктираме кои се нашите соговорници, изјави портпаролот Петер Стано.
Стано потврди дека Белград и Приштина го увериле Брисел дека се посветени на рестартирањето на преговорите.
Европската Унија не го коментира ниту обвинението на Хашкиот Суд против Тачи, но нагласи дека „силно ги поддржува овие институции и нивната работа“.
Ново на Сител
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп