Македонија
2. December 2022 - 12:26

Хотелите во Охрид за 40% поскапи од лани

Аранжманите за новогодишните празници на брегот на Охридското езеро зголемени за 40 до 50 проценти . Охрид веќе е потврдена атрактивна балканска дестинација но од ХОТАМ велат дека како резултат на енергетската криза,поскапувањата на аранжманите но и намалената куповна моќ хотелските капацитети до овој момент се речиси половично букирани но сеуште останува неизвесно бидејќи по традиција голем дел резервираат на само неколку дена до дочекот на најлудата ноќ во годината .

Ако до лани еден тридневен новогодишен аранжман чинел околу 150 евра,годинава цената поради инфлацијата  е 250 евра.

Сепак според добрите познавачи најпривлечен  за Нова година ќе биде Охрид кој ќе блесне во новогодишно руво и за посетителите нуди забава на градскиот плоштад , а според најавите најбројни се очекува да бидат домашните оние кои си имаат свои викенд станови и туристите од нашето опкружување.