-->
-->
Хоророт „Тивко место 2“ заработи 48 милиони долари
-->
Хорор-хитот „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II), во првиот викенд по премиерата заработи 48 милиони долари само во Северна Америка. Ова претставува рекорд во ерата на корона-пандемијата.
– Ова е извонредно отворање. Многу над просекот за продолжение на еден хорор. „Тивко место 2“ можеше да дебитира и со 60 милиони американски долари заработка, ако сите американски киносали беа отворени… Сепак, овој филм ќе заработи многу пари и ќе донесе огромна вредност на стрим-услугите – цени Дејвид А. Грос, одговорен за филмската консултантска фирма „Франшајз ентертејнмент рисрч“.
Филмот каде што во главните улоги се враќаат Емили Блант, Милисент Симондс и Ноа Џуп и Џон Красински како режисер, покрај киносалите, за 45 дена ќе се пресели и на „Парамаунт плус“ – стрим-платформата на компанијата „Виаком ЦБС“.
Оценката за филмот на ИМДБ, засега е 8/10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето