Хорор во Македонија: Татко ја силуваше малолетната ќерка
Велес во шок, татко ја силувал својата малолетна ќерка. Како што пишува Вест, овој грозоморен настан ги потресе велешани. Се работи за монструм од Велес кој веќе е во притвор.
"Предметот е во Основното јавно обвинителство Велес и по него се постапува. Против едно лице се води постапка за кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата. По поднесен предлог на надлежен обвинител , Судот изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Истражната постапка е во тек", информираат од Обвинителството за Вест.
Според информациите на весникот, настанот се случил на почетокот од месецов, во едно велешко село каде што таткото, кој имал 40-ина години, ја обљубил 14- годишната ќерка, ученичка во основно училиште. Таа следниот ден настанот го раскажала на мајка си, која пријавила во полиција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание