Македонија
8. April 2016 - 12:31

Хорор во Гостивар - Си ја киднапирал девојка среде бел ден

Во 20 часот и 10 минути во полицијата во Гостивар било пријавено дека била грабната девојка. 50-годишната М.У. од Гостивар пријавила дека истиот ден околу 19 часот и 10 минути нејзината ќерка И.У. (28 ) била грабната од Б.Р. од селото Балиндол, со кого претходно била во вонбрачна заедница, но пред неколку месеци се вратила дома поради недоразбирања.
 
Според пријавата, додека девојката била во продавница, ја пречекал насилникот кој со употеба на сила ја одвел во непознат правец.
 
Околу 19 часот и 30 минути Б.Р. се јавил на мајката и и рекол дека тој ја грабнал ќерката и дека не ја враќа.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.