Хорор во Белград: Си ми родила инвалид, ќе ве убијам и тебе и детето!
Докторите во болницата во Белград пријавиле вчера во полиција дека маж и се заканувал на својата штотуку породена жена, бидејќи бебето има проблеми со ногата.
– Си родила инвалид. Дојди да те убијам, и тебе и детето, и се заканувал мажот по телефон.
Жената е породена во понеделник со царски рез. Интервенцијата била ризична бидејќи бебето имало поголема глава.
– Поради тоа детето немало простор, па веројатно затоа ногата му била згрчена. Со ногата е се во ред и со помош на вежби целосно ќе се развие, велат докторите од гинекологија.
Лекарите сметаат дека драмата настанала бидејќи жената добро проблемот не му го објаснила на сопругот
– Таа им се пожалила на лекарите дека нејзиниот сопруг и се заканува. И поради тоа е известена полицијата. Тој човек не се појави за да ја види својата жена и бебето, жената цел ден плачеше, велат од болницата.
Ново на Сител
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно