Хорор: Тобоган му отсече глава на дете пред очите на посетителите
Дванаесет годишно момче Кејлеб Шваб почина по несреќата што се случи при возење со најголемиот тобоган на светот „Веракт“, висок дури 50 метри кој се наоѓа во водениот парк во Канзас Сити во американската држава Канзас. На детето во несреќата му е отсечена главата.
Со Кејлеб во гондолата се возеле уште две жени, од кои едната се здобила со повреди на лицето. Портпаролот на аква паркот во кој се случи несреќата одби да даде изјава во врска со смртта на детето.
Истрагата се уште се обидува да открие што е причината за несреќата, дали било до безбедносните појаси или нешто друго.
Тобоганот „Веракт“ ќе биде затворен за јавноста до крајот на сезоната, додека останатиот дел од паркот наскоро ќе продолжи со работа.
На тобоганот и претходно се случувале инциденти, но ниту еден ни бил толку драматичен.
Да да се спуштите по овој тобоган треба да бидете високи најмалку 140 сантиметри и тежки заедно до лицата во гондолата најмалку 180 килограми.
Учесниците во возењето се осигурани со два безбедносни појави: еден преку скутот, а другиот преку рамнот. При возењето посетителите се држат за безбедносните јажиња кои се наоѓаат во гондолата.
Ново на Сител
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт