Балкан
1. November 2016 - 15:54

Хорор: Татко возејќи рикверц со приколка го прегази синот

Полицијата од Пожаревац поднесе кривична пријава против 78-годишен жител на Бранчево поради основано сомнение дека извршил тешко дело против општата безбедност.

Тој е осомничен дека вчера во својот двор управувајќи возило „шкода“ со приколка го удрил својот син и го усмртил.

Кривичната пријава против осомничениот е поднесена во Основното јавно обвинителство.