Балкан
22. March 2017 - 10:42

Хорор сообраќајка синоќа во Србија: Го прегазил па го влечел, насекаде имало делови од телото

Бизарна сообраќајна несреќа се случила вчера во Белград каде трамвај распарчи човек. Нешто пред 23 часот, непознат маж бил прегазен од трамвај на улицата "Крал Александар 282". 

Несреќниот човек паднал од првиот вагон во вториот, по што тој го влечел по шините, а делови од неговото тело имало на 200 метри. 

Распарченото тело го забележал возачот на трамвајот дури по трагедијата.

Наводно, според неофицијалните податоци, жртвата била пијана, и ја отворила вратата кога трамвајот веќе тргнал.

Полциијата го истражува случајот.