Балкан
15. September 2016 - 19:56

Хорор: Син ги убил своите родители, па цела вечер седел покрај нивните тела

Брачниот пар М.Ш. и С.Ш. се пронајдени мртви денеска околу 12:30 часот кога полицијата на молба на нејзината ќерка, со оглед што не и се јавувале, влегла во нивната семејна куќа во Лукинич Брдо. По влегувањето во куќата, покрај безживотните тела седел нивниот 19 годишен син С.Ш.

Според информациите од лице место, убиството се случило вчера во текот на денот, а 19 годишното момче полицајците веднаш го однеле на криминалистичка обработка.

Според зборовите на мештаните, ќерката на брачниот пар кога утрово дошла пред куќата, наишла на заклучена врата, а никој не отворал, поминувала околу куќата и видела на маса во внатрешноста како гори свеќа.

Немала идеја што се случува, таа истрчала кај првите соседи како би дознала дали ги виделе нејзините родители, а откако и тие не ги виделе, се јавиле во локалната продавница да дознаат дали купувале нешто. 

Полицијата спроведува истрака како би се расветлиле околностите за трагедијата.