Хорор на момчешката вечер: Гостин останал без уво
Прославата на момчешката вечер во еден бар во Подерсдорф во Долна Австрија тргна на лошо кога на журката упадна неповикан гостин. Шест момчиња од Кремс се собрале да ја прославата „последната ноќ на слобода“ со пријателот кој се женел овој викенд.
Додека пријателите со пијалок се забавувале во барот влегол странец и повикал едно од момчињата од прославата да се туркаат со раце.
-Го изгубив дуелот, станав од масата и отидов. Тогаш тоа момче скокна на мене од зади и ме гризна за уво, вели повредениот Михаел М. Тој се онесвестил од болка, а се освестил по укажаната помош од лекарите од Итната помош. Напаѓачот побегнал од местото на настанот.
Михаел е пренесен во болницата во Мремс каде е утврдено дека му недоставува добар дел од ушната школка. Тој потоа е опериран.
Полицијата и натаму трага по напаѓачо. Според зборовите на сведоците, висок е околу 1,75 метри, и на возраст од 25 и 28 годин со кратка смеѓа коса.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат