Живот
11. јуни 2018 - 17:18

Хорор на автопат: Не можеше никој да го спаси - тркало се откачи од автомобил и погоди моторџија во глава

Мотоциклист (42) загина кога во глава го удри тркало кое паднало од автомобил. Овој ужасен момент го забележа камерата на кацигата на друг моторџија, кој возел зад жртвата.

Страотната несреќа се случи на преполниот пат во близина на главниот град на Бразил, Бразилија.

На почетокот на снимката се гледа човек на мотор, а потоа наеднаш се појавува тркало кое низ воздух оди право кон возачот на мотор.

Мотоциклистот паѓа во трева, додека неговиот мотор паѓа малку подолу. Итната помош брзо стигна на местото на несреќата но не успеаја да го спасат. Возачот починал еден час по несреќата.

Полицијата набрзо го заплени автомобилот на кој му испадна тркалото и укажа на тоа дека возачот би можел да биде обвинет за убиство доколу истрага покаже дека тоа го направил поради невнимание.

Хорхе Адемир, кој ја сними ужасната несреќа прв и пружи помош на жртвата, изјави дека возачот немал време да реагира.

„Се се случи толку брзо. Веќе беше на земја кога сфатив дека нешто го удри. Не сфатив што точно се случи додека не ја погледнав снимката“, рече тој.