-->
-->
Хорор: Куче искаса бебе до смрт
-->
Американски стафордски териер тежок 44 килограми во Калифорнија до смрт изгриза бебе старо само 3 дена кое со родителите било во кревет, соопшти полицијата во Сан Диего.
Полицаецот кој дошол на местото на настанот раскажува дека родителите биле во креветот со тукушто роденото машко бебе кое било нападнато од нивното куче, 44 килограми тешкиот американски стафорд кој почнал да го гризе.
Родителите успеале да го одвојат бебето од кучето и итно го однеле во болница, но му немало спас.
Полицијата не сакаше да зборува за повредите на детето, но изјави дека кучето реагирало на кашлањето на мајката.
Кучето е однесено во прифатилиште за кучиња каде 10 дена ќе помине во карантин по што родителите на бебето ќе донесат одлука дали да го успијат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник