Македонија
13. July 2022 - 16:49

Холандскиот амбасадор порачува - Предлогот не е совршен, но ќе ве однесе во ЕУ

Францускиот предлог кој и се нуди на Македонија не е совршен , но ќе ве внесе во Унијата, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. Се работи за типичен европски компромис,  еден од оние кои никогаш не се убави, но се тука за  да завршат работа. Важно  е преговорите да почнат, а уште поважно да завршат за да може Македонија да ја земе судбината во свои раце, затоа затнете го носот и голтнете, порачува дипломатот.

Јан Коп се согласува дека  на билатералните прашања не им е место  во преговарачкиот процес.  Тој не ја исклучува можноста Бугарија да  блокира во текот на процесот но уверува дека преговорите ќе се водат по будно око на ЕС и ЕК. Ја разбира и сензитивноста во врска со идентитетските прашања, но единствен одговор за сетоа ова е ставње на земјата на прав пат на кој ке напредува, ќе се реформира и ќе се избори за подобар стандард и иднина на своите грагани.

Според холандскиот амабадор намалената доверба на македонските граѓани во ЕУ на 70 проценти не е проблем, туку ниската доверба во сопствените институции, која паѓа и до 10 проценти, што повторнио укашува дека на земјатра и е потребна ЕУ како движечка сила во реформтие и борбата против крупцијата.