Спорт плус
7. August 2024 - 8:33

Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд

Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.

Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути.

Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути.

Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути.