Хојт Ји: Поважно е да се спроведат реформите отколку да има избори по секоја цена
САД и ЕУ ќе продолжат со поддршката за надминување на кризата во Македонија, вели заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји во интервју за Гласот на Америка.
- Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На одлуката да не се одржат изборите на 5 јуни гледаме позитивно иако, секако, како и сите други, се надевавме дека ќе можеа да се организираат. Сепак, условите не беа поволни, така што драго ни е што страните ги одложија овие избори. Знаеме дека страните имаа потешкотии да постигнат согласност за одредени реформи согласно Договорот од Пржино, но веруваме дека доколку работат со добра волја, со соодветна политичка волја, имаат способност и капацитет да ги изнајдат потребните решенија, изјави Ји.
Според него, важно е за меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД да ја игра својата улога во поддршка на напорите, не преку наметнување и диктирање, туку преку поддршка на инволвираните страни, на лидерите во земјата, за да најдат решенија и да ги имплементираат.
- Веруваме дека побитно е да се спроведат реформите, да се создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори, отколку да се одржат избори по секоја цена. Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок, да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија, без оглед дали тоа е како да се повлече аболицијата за официјални лица осомничени за корупција, како да се создаде подобра состојба за медиумите, преку усвојување закони за медиумски реформи, или тоа да биде преку почитување на работата на СЈО. Сметаме дека во тој процес може да го споделиме нашето искуство, идеи за овие институции и реформи навремено да функционираат. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017-та, и доколку политичките партии ја завршат својата работа, работата за која и се избрани од граѓаните на Македонија, тогаш ќе ја имаат нашата поддршка, изјави Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар