Хојт Ји на средби со политичките лидери
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, кој е во дводневна посета на Македонија, денеска треба да ги продолжи средбите со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.
Ји треба да се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, како и со како што се наведува во соопштението од Амбасадата на САД, претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според најавите од Амбасадата, теми на разговор ќе бидат статусот на формирање влада, билатералните односи и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.
Американскиот дипломат вчера се сретна со лидерите на албанските партии застапени во Собранието на Република Македонија. Првата средба беше со претставниците на партиското раководство на Алијансата на Абанците, Арбен Таравари и Весел Мехмеди. Потоа Хојт Ји се сретна со претседателот на Беса, Билал Касами, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговите сопартијци Теута Арифи и Артан Груби, како и со претседателот на ДПА Мендух Тачи.
По средбата со Ји, Ахмети изјави дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија е легитимен и оти за тоа има поддршка од САД.
Според агендата, американскиот заменик помошник државен секретар за време на посетата на Скопје треба да оствари средба и со претставници на граѓанското општество и на дипломатската заедница.
Предвидено е по средбите Хојт Ји денеска попладне да даде изјава за медиумите.
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада