-->
-->
Хофенхајм ќе се спасува со Стевенс
-->
Фудбалскиот клуб Хофенхајм го именуваше Холанѓанецот Хуб Стевенс за нов тренер на првиот тим. Хофенхајм, во неделата, му врачи отказ на Маркус Гисдол поради очајните резултати, откако по десет рунди во Бундеслигата тимот се наоѓа на последното место со само шест освоени бодови.
Гисдол на клупата на Хофенхајм седна во април 2013 година, а минатата сезона по голема борба успеа да избори опстанок во Бундеслигата.
„Ова не беше лесна одлука. Покажавме трпеливост за време на соработката со Маркус“, рекол спортскиот директор на Хофенхајм Александер Роси.
Хофенхајм во петокот загуби на домашен терен од Хамбург со 0:1 и остана на само една победа во сезоната.
Стевенс (61) во изминатите две сезони беше тренер на Штутгарт, а во кариерата работел во Шалке, Рода, Келн, Херта, ПСВ Ајндховен и Салцбург. Најголемиот успех го има постигнато во 1997 година кога со Шалке го освои Купот на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот