Хоџај побара од Могерини поголем притисок врз Србија
Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај престојува во дводневна посета на Брисел и Стразбур, каде ќе има средби со првите луѓе на највисоките институции на ЕУ и Советот на Европа.
Првата средба, Хоџај ја имаше со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, со која разговарле околу последните политички случувања во Косово, регионалните предизвици, либарализацијата на визите и односите меѓу Косово и ЕУ.
Како што пренесува весникот „Експрес“, Хоџај добил силна политичка поддршка од ЕУ за Косово, неговите институции и спроведувањето на дијалогот со Србија.
Тој, според истиот извор, побарал ЕУ да примени посилен притисок кон Србија за да ги спроведе потпишаните договори и да го услови нејзиниот натамошен напредок на европскиот пат со признавањето на Косово.
- Имав многу добра и содржајна средба со шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Разговаравме за многу прашања од политичките случувањање, не само во Косово, туку и во регионот како и односите Косово-ЕУ по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација. Ја нагласив потребата од поголем притисок врз Србија во спровдувањето на постигнатите договори и нејзино условување на европскиот пат, доколку и понатаму има блокирачки однос кон Косово, изјави Хоџај.
Посебно внимание на средбата било посветено и на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, при што Хоџај ја нагласил целосната подготвеност и волја на Владата на Косово за што поитно спроведување на договорот.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник