Хоџај: Да се овозможи прием на Косово во ОН
Косовскиот заменик премиер Енвер Хоџај, во интервјуто за виенскиот весник „Винер цајтунг“ наведе дека, доколку Србија нема ништо против, тогаш ниту Русија, ниту другите земји не би имале правни, ниту морални причини да го блокираат барањето на Косово за прием во Обединети нации.
Хоџај, поради тоа смета дека дијалогот меѓу Приштина и Белград мора да се воведе во завршната фаза, која би овозможила Косово да стане членка на Организацијата.
- Дијалогот трае веќе седум години и односот меѓу Белград и Приштина е подобрен во некои области, нагласи Хоџај.
Тој напомена дека постојат и други земји во светот кои станале членки на ОН, и покрај тоа што не се признаени од сите земји во светот.
Истовремено, Хоџај ја критикуваше Европската унија поради многубројните услови кои и се дадени на Приштина за добивање на визна либерализација, многу повеќе, нагласи тој, отколку на Македонија, Србија или Албанија.
Според него, Приштина треба да исполни речиси двапати повеќе услови, а и се замерува бидејќи не исполнила еден од 96-те - ратификацијата на Договорот за демаркација.
- Уверен сум дека тој услов ќе биде исполнет до март, посочи Хоџај.
Тој нагласи, дека косовската опозиција треба да ја поддржи новата Влада, кога станува збор за одредени национални прашања.
Хоџај и забележа на ЕУ, бидејќи не прави ништо по прашањето за признавањето на косовската независност од сите нејзини членки.
- ЕУ не прави ништо за да го поправи тоа. Меѓутоа потребна ни е помош од Европејците и европски фокус. Ние сме најмлада држава во Европа и потребно ни е внимание, како и политичка и финансиска поддршка, потенцираше Хоџај, додајваќи дека во текот на наредната година Косово внимателно ќе работи со цел да добие статус на кандидат за влез во ЕУ.
- Ние сме единствена земја во регион која се уште го нема тој статус. Петте земји-членки кои не не признаваат претставуваат препрека на нашиот пат до Унијата, заклучи Хоџај.
„Коха.нет“ денеска објави дека, Косово не исполнило ниту еден од 22 приоритети од реформската агенда што беше договорена со ЕУ во последните две години, потенцирајќи дека ниту новата Влада во Приштина не покажува намера да ја интензивира примената на тие приоритети.
Во мај минатата година, поранешниот косовски премиер Иса Мустафа и европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан ја договорија Европската реформска агенда (ЕРА) за Косово која содржи 22 приоритети во областите на доброто раководење и владеењето на правото, конкурентноста и инвестициската клима, како и образованието и вработувањето.
Речиси сите приоритети беше планирано да бидат применети во 2016 и 2017 година. Косово не ја испочитува временската рамка.
Косовската министерка за европска интеграција Дурата Хоџа не наведе дали новата косовска Влада ќе го интензивира спроведувањето на приоритетите, но истакна дека на нив треба да им се даде приоритет.
Ново на Сител
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот