Хоакин Феникс ќе го игра Наполеон во новиот филм на Ридли Скот
Познатиот холивудски режисер Ридли Скот, кој моментално работи на филмот „Последниот дуел“ со Мат Дејмон, веќе го има планирано својот следен блокбастер.
Осумдесет и две годишниот режисер на „Гладијатор“ одлучил да го покани Хоакин Феникс, ѕвездата на неговиот хит од 2000 година, во улога на Наполеон во историската сага „Kitbag“.
Засега се знае само дека филмот ќе ги прикаже раните години од животот на идниот француски император и неовиот непоколеблив и истраен подем во француската политика, јави денеска портолот Татлер. Насловот доаѓа од зборовите „патничка торба“, и се повикува на поговорката од времето на наполеоновските војни: „секој војник во својот ранец го носои жезлото на маршалот“.
Сеуште не е утврден датумот на почеток на снимањето.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости