Хитот на Цеца не е посветен на Аркан, туку на овој познат Србин за коj за малку не се омажила!
Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а старите хитови и ден денес се пеат. Секако една од најпознатите песни на Цеца е "Пустите ме да га видим" од 1990. година, а поради оваа балада публиката на сите концерти рони солзи.
Меѓутоа она што е помалку познато е тоа на кого ја посветила оваа песна Цеца. Иако години наназад се зборува дека песната му е посветена на Аркан, вистината е дека се работи за друг човик. Се работи за поранешен дечко на Цеца, фудбалер на Црвена Ѕвезда Владан Лукиќ.
Како што се зборува, Цеца и Владан наводно биле и верени, а до разделба дошло поради заминувањето во војска на Владан.
Инаку ќерката на Владан правела свадба во саботата, а на веселбата пеела Цеца. Она што е занимливо е тоа дека Цеца тогаш проговорила за врската со Владан.
- Јас дојдов тука преку врска од 30 години, кога јас и Владан се запознавме, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакала денеска да пеам јас. Гледам дека сте добро расположени - искоментирала Цеца.
Ново на Сител
-
Утрово измерени 3 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка и 10 во Штип и Демир Капија
-
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец
-
Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
-
Две лица загинаа во Киев и едно во руската област Ростов во воздушни напади
-
Српските власти со најава - денеска иницијативен состанок на движење за народ и држава
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне