Хилари Клинтон ќе основа сопствено политичко движење
Кандидатката на Демократската партија на минатогодишните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, синоќа најави дека планира да создаде ново движење наречено „Заедно напред“, што ќе пропагира политичка ангажираност и ќе се спротивставува на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Оваа најава, како што јави ДПА, претставува враќање на Клинтон на политичката сцена.
- Во текот на последните неколку месеци размислував, поминував време со семејството, и да, шетав во шумата, наведе Клинтон на нејзиниот Твитер налог.
- Повеќе од кога било сметам дека политичката ангажираност на граѓаните е од витално значење за нашата демократија. Исклучително сум инспирирана од сите, кои почнаа да организираат и водат. Оваа година не беше тоа што го предвидував, но знам за што ќе се борам: една љубезна, со широко срце, инклузивна Америка. Напред!, стои во објавата на Хилари.
Ново на Сител
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050