Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани
Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење дека доколку сака Србија може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога тоа ќе го посакаат нејзините граѓани.
„Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник“, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи.Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински напредок во дијалогот отколку за проблеми“.
„Очигледно е дека Белград и Приштина треба да направат повеќе во решавањето на спорните прашања. Имаат доста добри посредници од ЕУ, а и САД се многу активни. Едвај чекам да видам некаков напредок и мислам дека сите можеме да се заложиме за тоа и да се погрижиме сите да бидат на ниво на задачата и да гледаат напред“, додаде тој.
Коментирајќи го фактот дека Србија е единствената европска земја што не сака да воведе санкции кон Русија, Хил рече дека е очигледно дека Србија има поинаков однос кон санкциите кон Русија од САД и нејзините европски партнери.
„Но, мислам дека е важно да се концентрираме на работите за кои се согласуваме и да се обидеме заеднички да одиме напред“, додаде тој.
Запрашан зошто САД го поддржуваат интегритетот на Украина, но не и на Србија, Хил рече дека ситуацијата во Украина е сосема поинаква и тешко споредлива.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка