Спорт плус
7. December 2016 - 19:23

Хидромедуза спречи пливач да постави светски рекорд

Маратонецот Бен Хупер доживеал вистински кошмар додека се обидувал да го преплива Атланскиот Oкеан, потфат кој ќе му обезбедеше место во историјата. На својот пат тој се сретнал со ткн. португалски крстосувач, односно хидромедуза чии пипки го парализирале.
 
Бен Хупер (38) е спортист кој се обиде да го собори светскиот рекорд и да преплива 3.200 километри од Африка до Бразил. Меѓутоа на својот пат кон соборување на рекордот тој налетал на хидромедуза чии пипки делумно го парализирале, односно опасно му го снизиле притисокот.
 
Хупер, откако се опоравил, рекол дека средбата со хидромедузата била вистински кошмaр.
 
„Болка чувствувам во целата десна страна од телото, од увото до палецот на ногата“, напишал Хупер на Фејсбук.
 
Пипките на хидромедузата можат да достигнат должина и до девет метри, а нејзиниот отров може да биде фатален за луѓето.
 
Отровот предизвикува срцеви проблеми, а во ретки случаи предизвикува и гушење.
 
Хупер својот пат, во обид да го собори светскиот рекорд, го започа од пристаништето Дакар, во Сенегал пред еден месец. Според планот тој за четири месеци требаше да пристигне во Натал, град кој се наоѓа на североистокот на Бразил.
 
Хупер пливал со слободен стил по 12 часа дневно, поради што морал да внесе во организмот и до 12.000 калории.