ХЕ„Шпилје“ и „Глобочица“ со поголемо производство од планираното
- Хидроцентралите „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, во првиот квартал од годинава забележале поголемо прозводство на електрична енергија, споредено со истиот период лани.
Како резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, во периодот јануари-март двете електрани произвеле 193 милиони киловат часови електрична енергија,што е за околу 53 отсто повеќе од планираното.
- Трите турбини на ХЕ„Шпиље“ во овој извештаен период произвеле 117,3 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 54 отсто повеќе од планот, додека двете турбини на ХЕ„Глобочица“ 76,2 милиони квч или 52 отсто повеќе од планот, потврдуваат од ЕЛЕМ.
И во двете акумулации има резерва на вода за производство на по околу 30 милиони киловат часови електрична енергија. До максмалната кота во акумулацијата „Шпиље“ има уште 4,91 метари, а во акумулацијата „Глобочица“ котата е 26 сантиметри над максималната, при што има мал прелив за да се празни Охридско Езеро.
Поради високите температури, кои условуваат топење на снегот во планините, што го зголемува количеството вода во потоците и реките има постојан раст на дотекот на вода во споменатите акумулации. Во Шпиље просеченот дотек е над 130 додека во Глобочица над 80 кубни метри вода во секунда.
Како резултат на навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да ја примат и преработат сета количина на вода што ќе пристигне да работат под полн капацитет.
Ново на Сител
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“