Херојска акција на возач на автобус: Извлекол дете од рацете на киднапер на неверојатен начин
Тригодишно момче е прогласено за исчезнато откако му се губи секаква трага пред книжарница во Сан Франциско.
Возач на автобус, Том Вотсон со брзо размислување и планирање го спасил киднапираното момче на кое му се заканувала неизвесна судбина во рацете на киднаперот.
Вотсон во својот автобус забележал момче кое одговарало на описот како се вози со маж само еден час по неговото исчезнување.
Ситуацијата му станала сомнителна уште кога видел дека момчето плаче. Морал да пронаде начин како да го спаси детето и смислил план.
Го запрел автобусот и по ред ги прашувал патниците дали виделе ранец. Секако тоа му било изговор да му се приближи на момчето, а секако тогаш го видел клучниот детаљ кој го навела полицијата – дека носи црвени чевли.
Вотсон после тоа продолжил да вози и тајно ја контактирал полицијата која го пречекала на следната станица и го уапсила киднаперот.
Ново на Сител
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски