Македонија
15. February 2022 - 15:09

Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката на судот да ја ослободи Павлинка Илоска

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздрави одлуката на Основниот суд во Велес да ја ослободи Павлинка Пале Илоска од обвинението за убиство во миг, но истовремено бара од Јавното обвинителство да покрене постапка по допрен глас по нејзиното сведочење дека колега на нејзиниот невенчан сопруг сакал да го одмазди.

– Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај. Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Павлинка Илоска беше обвинета дека на 29 септември лани при семејно насилство го убила невенчаниот сопруг, полицаецот Александар Ристовски.