Хелмут Кол бара ЕУ да не врши притисок врз Лондон
Поранешниот германски канцелар и архитект на реунификацијата на Германија, Хелмут Кол, бара Европската Унија да и даде време на Велика Британија да се соземе по референдумот за излегување од унијата.
Во изјава за весникот „Билд“ Кол, кој има 86 години, вели дека ЕУ треба да има повеќе почит за националните и регионалните идентитети во Европа и дека не треба да наметнува премногу стандарди на своите членки, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Весникот го парафразира Кол, според кого ќе биде огромна грешка доколку „ЕУ ја тресне вратата за Велика Британија“.
Според „Билд“, Кол бара мирно надминување на кризата без непотребна сила и омраза. Според него, сега е најважно Велика Британија сама да одлучи што сака во иднина.
Хелмут Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година и заедно со неговиот француски колега Франсоа Митеран беа политичката сила за чекорите што ЕУ ги направи кон монетарна унија и економска интеграција, вклучувајќи го и воведувањето на еврото.
Ново на Сител
-
Проукраински протест во Енкориџ во пресрет на средбата меѓу Трамп и Путин
-
Ангелов: Пожарите во Јасен и Јегуновце најсериозни, очекуваме стабилизирање
-
Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул
-
Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
-
Кај шофер во службено возило на здравствен дом Берово пронајдена дрога
-
Влада: Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
-
Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар