Хеликоптер на АРМ принудно слетал во реонот на селата Средно и Долно Коњаре, нема оштетувања
Хеликоптер на АРМ денеска околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираат од Армијата.
Од АРМ, нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.
- Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, се вели во соопштението од АРМ.
По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците