-->
-->
Хазелхоф и предложи брак на неговата 27 години помлада девојка
-->
Разликата во годините во љубовните врски на познатите секогаш интригира, а таква е и врската на актерот Дејвид Хазелхоф (63), кој е познат по хит серијата „Чувари на плажата“.
Тој одлучи по пет години врска да ја запроси неговата девојка Хајлеј Робертс (36) на плажата во Малибу. Хазелхоф изјави дека се двоумел и ја одложувал веридбата, затоа што мислел дека е многу стар за неговата девојка.
Тој рече дека ја побарал за сопруга не затоа што сака да живее со неа, туку затоа што не може да живее без неа.
Хајлеј не верувала дека Дејвид ќе ја запроси и изјави дека тоа било големо изненадување за неа. Таа додаде дека разликата во годините не и пречи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци