Фудбал
6. May 2017 - 16:04

Хаварија на К.Палас во дуелот со Сити

Екипата која го победи речиси сите екипи од горниот дел на табелата на чело со лидерот Челзи доживеа вистинска хаварија во пресметката со Манчестер Сити на „Итихад“. 

Домаќините лесно ја полнеа мрежата на гостите и застанаа на резултат 5-0 со што тимот на Гвардиола ја продолжува битката за 3. позиција со Ливерпул која води директно во ЛШ.  Двете екипи имаат ист број бодови. 

 
Во листата на стрелците се запишаа пет различни фудбалери, но дефинитивно најубавиот гол го постигна капитенот Венсан Компани кој изреагира како расен стрелец во 49-та минута. Тоа беше погодок за 2:0, а другите погодоци беа дела на Силва, Стрелинг, Де Брујн и Отаменди.