Хашим Тачи: Албанците во Македонија да ја земат судбината во свои раце
Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека политичките случувања во Македонија се загрижувачки. Тој вели дека претседателот Ѓорге Иванов го злоупотребил Уставот и законите во неговиот „непријателски, антиалбански пристап кон народот што сочинува една третина од жителите на оваа држава"
-Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македонците се народи кои учествуваат во изградбата на државата и Македонија треба да биде држава на сите нејзините граѓани.
Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце, напиша Тачи.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта