Харадинај: Вучиќ нуди признавање на Косово во замена за дел од неговата територија
Српскиот претседател Александар Вучиќ, со поддршка на Русија, предлага Белград да ја признае независноста на Косово, во замена за дел од неговата територија, тврди косовскиот премиер Рамуш Харадинај во авторски текст за „Вашингтон пост“.
– Србија сака да создаде етнички чиста држава, да им го одземе државјанството на луѓето и да ги протера од нивните домови, наведува Харадинај.
Според него, Вучиќ бара од Косово да направи „невозможен избор“, кој би ја загрозил стабилниста на регионот и би претставувал „закана за американските сојузници“.
– Во услови на постојни напади од страна на Србија, чија цел е да се загрози нашиот суверенитет, безбедност и просперитет, има некои кои би сакале Косово да се вклучи во т.н. мирно етничко чистење на Балканот. Тоа претсавува кусоглед обид за повлекување пред насилникот со надеж дека насилството ќе престане. Но, нема да го сториме тоа, туку ќе им се спротивставиме на оние кои се обидуваат да не искористат и во исто време ќе работиме на постигнување траен и сеопфатен мир, пишува Харадинај во авторскиот текст.
Тој обвинува дека Србија и „нејзиниот сојузник Русија“ одбиваат да ја признаат косовската независност и го блокираат приемот на Приштина во ОН, додавајќи дека спротивно на Бриселскиот договор за нормализација на односите, Белград го блокира патот на Косово кон членство во многу меѓународни организации, како што е Интерпол.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија