Харадинај: Ќе разговарам и со други партии за новата Влада
Рамуш Харадинај, кандидатот за нов косовски премиер на коалицијата на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, како и 10 помали партии, денеска изјави деја ќе разговари и со другите албански партии за заедничка влада.
-Имав традиција на соработка со Демократскиот сојуз на Косово и отворен сум да разговарам со нив, рече Харадинај за Радио Слободна Европа.
Од друга страна, тој додаде дека ќе разговара и со движењето Самоопределување, но додаде дека избирачите одлучија кој е победникот на изборите.
-Тоа што можам да ги уверам граѓаните е дека веднаш по потврдувањето на резултатот од изборите ќе ја формираме Владата, рече Харадинај.
Неговата коалиција, како и 10 помали партии, добија најголем број гласови - 33 отсто, но не е во можност сама да ја формира новата косовска Влада.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците